Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Денеска на програмата беше 23 коло од англиската Премиер лига во кое видовме неколку екстра возбудливи натпревари.
Најинтересно беше на „Енфилд“ каде Ливерпул успеа да слави победа во натпревар со седум голови против Кристал Палас. „Црвените“ со 4:3 ги совладаа избраниците на Рој Хоџсон и со тоа со сигурност ќе ја задржат предноста пред второпласираниот Манчестер Сити.
Оле Гунар Солскјер пак ја забележа својата седма победа од исто толку натпревари колку што е на клупата на „Црвените Ѓаволи“. Манчестер Јунајтед со 2:1 славеше против Брајтон и го помина Арсенал на табелата во Премиер лигата.
Резултати:
Борнмут- Вест Хем 2:0
Ливерпул- К. Палас 4:3
Манчестер Јунајтед- Брајтон 2:1
Њукасл- Кардиф 3:0
Саутемптон- Евертон 2:1
Вотфорд- Барнли 0:0