„Светците“ брзо го преболеа Бразилецот, везист на прагот од „Паркот на принцевите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува италјанскиот новинар Фабрицио Романо, ПСЖ успеа во намерата да го засили својот среден ред до крајот на зимскиот преоден рок.

Се откажале од Алан од Наполи бидејќи италијанците бараа 100 милиони евра што ни со помош на катарската магија парижаните не можат да си дозволат во овие моменти, секако поради проблемите со ФФП.

Затоа пронајдоа друго решение, нов фудбалер на ПСЖ наскоро ќе стане еден аргентински репрезентативец, Леонардо Паредес.

Поранешниот играч за врска на Рома во градот на светлината доаѓа од Зенит, а првакот на Франција за неговите услуги ќе плати 40 милиони евра плус 5 милиони за различни бонуси.

Паредес ќе го потпише договорот со клубот на четири и пол години, а веќе денес во Доха би требало да ги направи лекарските прегледи.

Така, кризата во Париз е решена, ќе видиме дали ќе се одлучат за уште некој трансфер, до крајот на преодниот рок остана нешто помалку од недела, а на мета се Идрис Геј и Ренато Санчез.

Потсетуваме, прва желба на управата беше Френки де Јонг од Ајакс, но холанѓанецот ја избра Барселона.