Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез кажа дека ќе се потруди да се врати за пократок период на теренот, откако во понеделникот беше успешно опериран.
Гомез пораид проблеми со ногата надвор од теренот од почетокот на декември не може да заигра.
Првите проценки беа дека ќе се врати по шест недели, но дојде до комплицирање на неговата ситуација и затоа мораше да биде направена операција.
Уште не е познато кога 21-годишниот фудбалер ќе биде повторно на располагање на тренерот Јирген Клоп.
„Разочаран сум поради компликацијата на ситуацијата, но се надевам дека ќе се вратам за кратко, зашто сакам да му помогнам на тимот“, вели Гомез.
Ливерпул во понеделникот одигра 1-1 против Вест хем, па сега Манчестер сити има само три бода помалку од нив.