Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре играат реванш натпревар во ЛШ против ПСЖ.
Црвените Ѓаволи ќе имаат тешка задача против францускиот тим, бидејќи тие изгубија на домашен терен со 2-0.
Голем проблем за англискиот тим е тоа што дури осум фудбалери се повредени, додека двајца се под знак прашалник. Се очекуваше Марсијал да се врати по повредата, но тоа нема да се случи.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солскер одлучил Марсијал да не игра во Париз и дека му е многу поважно тој да биде подготвен за Премиер лигата.
Имено, Јунајтед веќе викендов го очекува дерби со Арсенал, па Норвежанецот не сака да ризикува со Марсијал против ПСЖ, па одлучил да го одмара за да биде спремен за натпреварот против Топџиите.
„Мислам дека не можеме да ризикуваме. Нема сеуште одработено цел тренинг со тимот и јасно е дека не е 100% спремен“, изјави Солскер.
Покрај Марсијал на овој меч нема да играат Погба, Мата, Лингард, Херера, Матиќ, Алексис и Валензија, а под знак прашалник се Дармијан и Џонс.