Легендарниот Тиери Анри на социјалните мрежи се обрати на босански јазик и испрати порака до Нуркиќ: Биди храбар… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Портланд доживеаа голем шок на синоќешниот меч против Бруклин Нетс бидејќи Јусуф Нуркиќ во самиот финиш на мечот излезе поради тешка повреда.

Нуркиќ ја играше веројатно најдобрата сезона од пристигнувањето во НБА лигата, но тоа синоќа беше прекинато на најлош можен начин.

Босанскиот кошаркар доживеа тешка повреда на ногата по непријатниот доскок, а неговите соиграчи беа во шок кога видоа што се случи.

Нуркиќ доби поддршка од целиот свет, а многу НБА ѕвезди се огласи по пат на социјалните мрежи.

Но, оваа повреда ги потресе и останатите спортисти, а во центарот на вниманието беше и објавата на легендарниот фудбалер, Тиери Анри кој на босански јазик испрати порака до Нуркиќ.

„Биди храбар, не се предавај, ти посакувам брзо закрепнување“, напиша Анри на својот инстаграм профил.

Навистина господски потег на некогашниот фудбалер на Арсенал и Барселона.