БОМБА во Атлетико: Двајца од Порто се селат во Мадрид со само еден удар…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „А бол“ во Португалија, завршен е договорот помеѓу Атлетико Мадрид и Порто.

Двајца фудбалери кои оваа сезона играа за Порто, Алекс Телес и Ектор Ерера, следната сезона ќе бидат фудбалери на Атлетико Мадрид.

Телес има 26 години, игра на позиција лев бек и докажа дека е еден од најдобрите на таа позиција во Европа во овој момент, повикан е во репрезентацијата на Бразил, а Атлетико ја препозна неговата форма и го донесе по дисконтна цена.

Цената е 30 милиони евра, иако Телес имаше откупна клаузула од 40 милиони евра. Португалците пишуваат дека клубовите се договрите за пониска цена, останува да се види што е вистинската причина.

Мексиканецот Ерера исто така оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Порто, а ќе мора да замине од клубот бидејќи не се договори за продолжување на соработката. Едноставно, Порто повеќе не е во состојба да се носи со неговите барања по прашање на финансиите, па мораше да побара друга средина.

Така 28-годишниот играч за врска, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Чекаме и официјални соопштенија за овие трансфери…