Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Интер немаат дилема, кој ќе го предводи клубот во наредната сезона. А во медиумите се огласи и Бепе Марота, кој кажа за кого се одлучил.
Иако долго време се шпекулираше дека Лучано Спалети ќе си замине од Интер и на негово место ќе пристигне Жозе Мурињо или Антонио Конте, сепак од тоа нема да има ништо.
„Дали сум избрал тренер за наредната сезона? Тоа е Спалети. Имаме договор со него и задоволни сме“, кажа Марота.
Спалети пристигна во Интер во 2017 година, откако претходно ја водеше Рома, а пред неколку месеци потпиша и нов договор.
„Нераѕурите“ под негово водство се наоѓаат на третото место во Серија А и се на чекор до втора сезона по ред да играат во Лигата на шампиони.