Потег за почит: Баерн Минхен организира „меч за спас“ на бивш германски шампион!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Баерн Минхен реши да му помогне на Кајзенслаутерн во најтешката борба во нивната историја. Поранешниот шампион на Германија се наоѓа во тешка ситуација, откако поради долгови не доби лиценца за натпреварување во третата лигаидната сезона.

Баварците решија да им помогнат, па ќе организираат „меч за спас“ на Клајзенслаутерн. Средбата ќе се игра на 27 мај на „Фриц Волтер“, а целиот приход ќе оди за спас на клубот и добивање лиценца.

„Клајзенслаутерн е еден од најголемите германски клубови. Игравме многу легендарни натпревари против нив. Фудбалот живее поради емоции, спортско ривалство и солидарност. Затоа решивме да им помогнеме и се надеваме дека наскоро ќе се вратат во Бундеслигата“, вели директорот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Тимот од 2006 година играше во втората германска лига, а од Бундеслигата последен пат испаднаа пред седум години, додека лани испада во трет ранг на натпреварувањето.