Сопругата на Шумахер и неговиот татко првпат јавно ќе зборуваат за состојбата на возачот

Во декември годнава ќе биде прикажан документарниот филм за седумкратниот шампион во Формула 1, кој беше тешко повреден на скијање во 2013 година, Михаел Шумахер.

Во документарниот филм „Шумахер“ ќе има и необјавени архивски снимки од животот на прославениот возач, како и сведочења на најблиските членови на неговото семејство – сопругата Корина и таткото Ролф.

Премиерата е закажана за петти декември, а филмот е сниман на германски јазик, а покрај таткото и сопругата, прикажани се и неговите деца, како и колеги. Мала е веројатноста да го видиме Шумахер во филмот по првпат по несреќата.

Да потсетиме, Шумахер пред шест години на скијање доживеа страшна несреќа. Тој удри со главата во карпа и доживеа страшни повреди. Од тогаш, па навака, многу малку детали се знаат за неговата здравствена состојба.