Азар во Грција докажа дека Челси засекогаш ќе остане во неговото срце

Белгискиот фудбалер Еден Азар пред неколку недели официјално беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид.

Азар после седум години одлучи да го напушти Челси и прифати нов предизвик во својата кариера, но порача дека лондонскиот клуб засекогаш ќе му остане во неговото срце.

Доказ дека таа негова изјава не беше дадена туку така е видеото кое ќе го погледнете подолу. Во тек на неговиот одмор во Грција тој одлучи да им се придружи на младинските категории на Челси и да одвои кратко од своето време со цел да ги израдува најмладите надежи на лоднонскиот клуб.