Барселона во групата на смртта во Лигата на шампионите, Адеми и Елмас ги дознаа противниците

Денеска во Нион беше одржана ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите по што во осум групи беа распоредени вкупно 32 екипи.

Дефинитивно најинтересна ќе биде групата Ф во која главен фаворит е Барселона, но тука се и Борусија Дортмунд и Интер. Се чини дека тука нема што да бара тимот на Спарта Прага кој веќе е исфрлен од секакви комбинаторики.

Пеколно тешка група доби и Црвена Звезда која ќе се соочи со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос, додека Динамо Загреб на Адеми ќе ги вкрсти копјата со Манчестер Сити, Шахтјор и Аталанта.

Одлични натпревари не очекуваат и во групата А во која се најдоа ПСЖ и Реал Мадрид, а останати тимови учесници тука се и Клуб Бриж и Галатасарај.

Наполи на Елиф Елмас се најде во група со европскиот шампион Ливерпул, со Салцбург и Генк.