Навивачите на Ливерпул во паника: Ван Дајк ги загрижи сите со неговата изјава!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вирџил Ван Дајк кратко по пристигнувањето во Ливерпул стана лидер на екипата и најдобар дефанзивец во Европа.

Во претходните денови почнаа шпекулации за можно продолжување на договорот со Ливерпул, меѓутоа Холанаѓанецот кажа дека ништо не се случува.

Ливерпул ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони со пораз од Наполи (0-2), а Ван Дајк зборуваше за својата иднина.

„Во моментов ништо не договараме. Сега сум фокусиран на натпреварите и ќе видиме што ќе се случи во иднина. Во моментов ништо не се случува, зашто не е до мене“, порача Ван Дајк.

Ван Дајк со изјавата остави можност за заминување од Ливерпул, а дали тоа ќе се случи, останува да видиме во следниот период.