Ѓоковиќ донесе одлука – наскоро се враќа на теренот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога поради болки во рамото мораше да го предаде мечот против Станислав Вавринка уште на почетокот на септември на Ју-Ес Опен, се поставуваше прашањето до кога ќе паузира Новак Ѓоковиќ.

Сепак, Србинот реши да се врати на тенискиот терен на турнирот од серијата 500 во Токио. Тој турнир почнува во понеделник, а покрај него во игра се уште Чориќ, Гофан, Раониќ, Чилиќ…

Разликата меѓу Ѓоковиќ и Надал е само 640 бода, а со победа на турнирот во Токио, Ѓоковиќ би можел да ја зголеми предноста.

Сепак, по овој турнир српскиот тенисер треба да брани дури 1000 бодови на Мастерсот во Шангај, па токму поради тоа реши да настапи во Јапонија и да ги израдува фановите.