Италијанците непријатно изненадени: Тоа што не му е дозволено на Сари – го прави Балотели! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марио Балотели дебитираше за Бреша синоќа против Јувентус, а имаше и неколку добри потези, но се забележа дека уште не е физички подготвен.

Тренерот Корини вели дека Балотели напорно работи и дека ќе биде големо засилување. Меѓутоа, ако се суди според снимката од соблекувалната, очигледно Италијанецот не се откажува од старите навики.

Тој пред излегување на теренот запали цигара, а тоа не е професионално. Интересно е тоа што на тренерот Маурицио Сари му е забрането да пуши во соблекувалната, но тешко му оди, иако пробува да се откаже.

Да потсетиме, Балотели во минатото се обидел да запали цигара во тоалетот, а тоа што не знаел е дека така може да се активира алармот, па се случила вистинска узбуна.

Во секој случај, неговите пријатели демантираа дека станува збор за цигара, туку за молитва за починатиот татко, а неговиот брат Енок се расправаше со сите на социјалните мрежи, кои ја објавиле сликата.