Димитријевиќ постигна седум поени во поразот од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога во мечот против Хувентуд, кадешто настапува македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, па славеше со убедливи 88-69.

Хувентуд само во првото полувреме успеаа да го одржуваат резултатот со „кралевите“, по што Реал додаде гас во третата и последната четвртина, па го реши противникот.

Македонскиот кошаркар во мечот постигна седум поени, три асистенции и два скока, додека најдобар во тимот на Хувентуд беше Препелиќ со 19 постигнати поени.

Од друга страна, Реал Мадрид до првиот триумф сезонава во шпанското првенство го преводеше Керол со 17 поени.

Победи во првото коло запишаа и Басконија, Барселона, Валенсија, Билбао, Сан Пабло, Сарагоса…