Нов срам на Зидан и Реал Мадрид, немоќни против Клуб Бриж на свој терен (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид претрпе нов срам во Лигата на шампионите, па по почетниот пораз од ПСЖ сега ќе мораше да се задоволи само со реми против аутсајдерот Клуб Бриж.

Белгискиот клуб водеше со 2:0 на полувреме со погодоците на Емануел Денис кој два пати го совлада Куртоа.

На почетокот на вториот дел истиот играч имаше голема шанса да ги дотолчи „кралевите“ меѓутоа Ареола кој влезе на полувреме на местото на Куртоа одлично го скроти неговиот удар.

Серхио Рамос намали на 2:1 во 55. минута и тогаш Реал како да застана одреден период се до црвениот картон на капитенот на Бриж во 84. минута. Веднаш потоа КАсемиро погоди за 2:2, па иако Реал имаше играч повеќе десетина минути не успеа по трет пат да го најде патот до мрежата на Симон Мињоле.