Ќе гори „Јане Сандански“: Вардар се подготвува за дербито против Кил (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар се врати со две победи од гостувањата кај Мотор Запорожје, односно Татран Прешов, па сега се подготвуваат за новиот голем предизвик во Лигата на шампиони, кадешто ги очекува меч против Кил.

Кил игра многу добро сезонава, па во елитното натпреварување има две победи и едно реми, додека Вардарци се максимални по три одиграни кола.

„Црвено-црните“ во претходните натпревари немаа премногу голема помош од голманите Марко Кизиќ, Калифа Гедбан и Артурс Кугис, иако мора да спомнеме дека имаа важни интервенции, но и покрај тоа беа критикувани.

Сепак, тие сериозно си го разбраа следниот предизвик, па со полна пареа се подготвуваат за мечот против Кил,кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 12 октомври од 17.30 часот.