Германската легенда збунета: Што се случува со хрватските навивачи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватските навивачи вчера и направија големи проблеми на Хрватскиот фудбалски сојуз, но и на фудбалерите.

Имено, тие пред самиот крај на натпреварот против Чешка на теренот фрлија пиротехнички средства поради што судијата мораше да го прекине натпреварот.

Чешка на крајот изедначи преку погодокот од пенал во шестата минута од судиското продолжение.

Легендарниот голман на Германија, Оливер Кан се огласи после овој инцидент.

“Не можам да сфатам што не е во ред со некои хрватски навивачи. Екипата ти води со 2:1 и ти ја прекинуваш. Неверојатно!”– прокоментира Кан.

Да потсетиме работите за Хрватска би можеле да бидат уште полоши бидејќи УЕФА започна дисциплинска постапка против нив.