Јунајтед и Ливерпул до нови три бода, Арсенал киксна на „Емирати“ (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед успеа да слави со 3-1 на гостувањето кај Норвич во Премиерлигата, додека лидерот Ливерпул со пресврт (2-1) го совлада Тотенхем на домашен терен.

Тимот на Оле Гунар Солскјер ја прекина серијата од четири меча без победа, а поведоа во 21. минута преку МекТоминеј. Седум минута подоцна Јунајтед имаше шанса да го зголеми водството, но Рашфорд промаши пенал, а две минути подоцна погоди за 2-0.

Јунајтед во 43. минута доби уште еден пенал, но овој пат Марсијал промаши, односно голманот повторно го одбрани казнениот удар. Сепак, во продолжение истиот фудбалер зголеми на 3-0, а домаќините во 89.минута ги поставија конечните 1-3.

Арсенал на домашен терен немаше среќа против Кристал Палас и одигра 2-2, додека Ливерпул со пресврт успеа да го победи Тотенхем со 2-1.