Дончиќ за натпреварите во НБА се „загрева“ со песна на Тоше Проески (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Словенецот Лука Дончиќ сезонава игра фантастично во дресот на Далас Маверикс, па по одличниот старт на сезоната, неговиот тим има големи шанси да обезбеди плејоф во НБА-лигата.

Словенечкиот кошаркар ја објави листата со песни со кои се „загрева“ за натпреварите на неговиот тим, а една од нив е од најдобриот македонски пејач, Тоше Проески, инаку станува збор за песната „Чија си“.

На листата се наоѓаат уште неколку шпански песни, како и некои од Џеј Рамадановски, Жељко Самарџиќ и МС Стојан.