Руни за прв пат тренираше со својот нов клуб

Вејн Руни денеска го одржа првиот тренинг со својот нов клуб, Дерби Каунти.

Искусниот напаѓач по авантурата во САД се реши да се врати во Англија и за прв пат во кариерата ќе игра во второто по ранг натпреварување на Островот, Чемпионшип лигата.

Руни во Дерби ќе ја има улогата играч- тренер, ќе му помага на Филип Коку и во исто време ќе ги усовршува своите тренерски знаења.