Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најглупавото местење на меч во историјата е забележано пред неколку дена во Русија. Таму играа Арсенал од Тула и Динамо, а на крајот победија домаќините со 82-65.
Вистински циркус се случуваше во последната четвртина кога кошаркарите очигледно намерно ја губеа топката и промашуваа шутеви.
Во тој период беа забележани дури 13 загубени топки, двапати не беше изведена топката од аут во рок од пет секунди итн.
Најсмешно беше изведувањето на слободни фрлања по кои стана јасно дека нешто не е во ред со натпреварот. Беше интересно да се види и публиката, која „прсна“ од смеење.
Епилог од целиот настан е тоа што Арсенал е исфрлен од лигата, па суспендирани се неколку нивни кошаркари до крајот на сезоната, а тренерот до 2021 година.