Лукаку е голем човек: Тинејџер на Интер со солзи во очи го славеше првиот гол (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер ја победи вчера Џенова со 4-0, а средбата ќе остане во сеќавање кај 17-годишниот Себастијан Еспосито, кој пред неколку години стигна во младинската школа на „нераѕурите“.

Пред мечот имаше шест настапи за сениорскиот тим, а вчера го прослави и првиот гол во тимот на Интер во дуелот против Џенова.

Ромелу Лукаку му даде шанса на младиот фудбалер од пенал да постигне гол и тој ја искористи, па Еспосито беше пресреќен по голот.

Потоа отрча кај мајка му и со солзи во очи го прослави погодокот, а вакви сцени ретко гледаме во модерниот фудбал, па може да разбереме зошто е најважна споредна работа во светот.