Валентино Роси станува возач во Формула 1?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите возачи во Мото ГП на сите времиња Валентино Роси признава како во 2006. година бил на чекор од премин во Формула 1.

На маса, Италијанецот имал понуда од Ферари. Долго размислувал и на крајот решил да остане во светот што најмногу го сака.

“Во февруари 2006 година, бев на тест во Валенсија. Седнавме на маса и ги прашав што очекуваат од мене. Програмата беше сериозна. Јас не би возел за Ферари веднаш, прво ќе одев во побавен тим, ќе бев тест возач, а потоа би се приклучил на тимот. Сепак, јас одбив “, рече Роси.

Седумкратниот светски шампион ќе наполни 41 година во февруари, но сè уште нема намера да се повлече од Мото ГП шампионатот.

“Противниците се силни. Јас сум постар, но инстинктот е ист. Посакувам да имам побрз мотор и да се обидам да бидам меѓу првите три места во Мото ГП. Голема чест е што можам да одлучам кога ќе заминам. Сите ме поддржуваат да продолжам, но нема смисла да возам повеќе ако не сум конкурентен “, појаснува Роси.