Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саудиска Арабија наскоро ќе добие трка во Формула 1, пишува Дејли Мејл.
Преговорите помеѓу Саудиска Арабија и групата задолжена за трки во Формула 1 се во напредна фаза односно во план е оваа земја од арапскиот полуостров веќе во 2021. година да биде домаќин на најбрзиот октански караван на светот.
По Големата Награда на Бахреин и Дубаи Саудиска Арабија би можела да стане трета земја од таа област каде се возат трки од Формула 1.
Саудијците планираат да ја направат патеката во близина на градот Џеда, а лиценцата за трка ќе ги чини 50 милиони долари годишно.
Организацијата на трката ќе биде поддржана, а потоа ќе ја сноси најголемата нафтена компанија од Персискиот Залив, Арамко.