Коби беше успешен и како бизнисмен: Брајант зад себе остава цела империја!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешната ѕвезда во НБА-лигата, Коби Брајант почина во пад на хеликоптер во Калифорнија, а освен успесите на кошаркарски план, тој беше одличен и во бизнисот.

Кариерата како инвеститор ја започна пред да замине од НБА лигата, поточно во 2013 година кога ја направи компанијата „Брајант-Стибел“ заедно со Џеф Стибел, кој е сопственик на технолошката фирма „веб.ком“.

Денеска таа компанија располага со повеќе од две милијарди долари имот. тие направија најмалку десет успешни вложувања и тоа најмногу во ИТ-фирми, како што се „Дел“, „Епик гејмс“, „Алибаба“, како и во многу други компании.

„Морате да имате силни претприемачи. Тоа е важно за нас, ние ги гледаме луѓето“, објасни Брајант во едно интервју.

Брајант вложи милиони долари во својот спортски енергетски пијалок „Бади армор“, а тоа се покажа како негова најдобра бизнис одлука затоа што за 26 милиони долари продаде 15% од приходите на „Кока Кола“ во 2018 година.

Исто така, во 2016 година го создаде „Гранити студио“, медиумска и издавачка компанија, која се фокусира на спортот.