Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го додаде во својот распоред и Мастерсот во Монте Карло.
Според првичниот план, Србинот не требаше да игра на турнирот во Монако, сепак со оглед на тоа дека е во фантастична форма, тој ја сменил одлуката.
По турнирот во Дубаи, Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло. Потоа му следи турнирот од серијата АТП 1.000 во Мадрид и Рим, па Ролан Гарос и Вимблдон.
Ѓоковиќ минатата сезона во Монако стигна до четвртфиналето, кога загуби од Данил Медведев, а досега трофејот го има освоено двапати.
Да потсетиме, Ѓоковиќ оваа година запиша 13 победи во 13 одиграни натпревари.