Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони во сабота и тоа против Монпелје од 17.30 часот, па ќе се бори за освојување на петтото место во групата, но „црвено-црните“ сметаат дека противникот е фаворит.
Тоа не чуди затоа што Вардар се соочи со големи проблеми во претходните месеци и го напуштија неколку ракометари, а исто така европскиот шампион не може да смета ниту на Сергеј Горбок и Глеб Калараш поради повреди.
Како што кажаа од таборот на Вардар, фаворит во средбата дефинитивно ќе биде Монпелје, па тие ќе имаат шанса да му се реваншираат на македонскиот тим за поразот од 31-33 во првиот дуел.