Познат составот на Вардар за мечот против Монпелје (ФОТО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар денеска го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони и тоа против Монпелје.

Вардарци сметаат дека не се фаворити во дуелот со француската екипа, но тоа нема да ги спречи да се обидат да го извлечат максимумот.

Тренерот Стевче Алушовски го избра составот за дуелот против незгодниот Монпелје, кој се игра денеска во „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот.