Вардар ќе се соочи со незгодниот ПИК Сегед во осминафиналето на ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар го доби противникот во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако заврши групната фаза, а тоа е унгарски ПИК Сегед.

Вардар го познава ПИК Сегед затоа што играа минатата сезона во четвртфиналето, кога „црвено-црните“ успеаа да слават и да обезбедат фајнл-фор.

Првиот меч во осминафиналето се игра од 18 до 22 март во Скопје, додека реваншот ќе биде од 26 до 29 март во Сегед.

Во останатите дуели ќе се соочат Динамо Букурешт-ПСЖ, Висла-Веспрем, Целје-Кјелце, Порто-Олборг, Фленсбург-Монпелје, додека Барселона и Кил обезбедија директен пласман во четвртфинале.

Да потсетиме, Вардар во моментов се наоѓа во тешка финансиска состојба, а исто така веќе го напуштија неколку важни ракометари, меѓу кои и џинот Даинис Криштопанс.