Македонија доби ултра тежок противник во баражот за пласман на ракометниот Мундијал

Ракометната репрезентација на Македонија доби ултра тежок противник за бараж пресметката која треба да не однесе на Светското првенство во 2021 година.

Македонија беше во вториот шешир пред ждрепката и го доби најтешкиот можен противник, селекцијата на Франција која иако имаше катастрофално Европско првенство ќе биде огромен фаворит против нашата репрезентација.

Натпреварите на кои ќе бараме изненадување и пласман на Мундијалот ќе се одржат од 5ти до 11 јуни.