„Јунајтед не може да си дозволи 30 години да биде без титула“

    Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер зборуваше за шансите неговиот бивш клуб да ја освои титулата во следниот период.

    Оваа сезона приказната за титулата е завршена, па Ливерпул по 30 години конечно го освојува трофејот, а Флечер тврди дека „ѓаволите“ не може да си дозволат такво нешто.

    „Јунајтед не може да си дозволи да биде 30 години без титула. И ова сега е доволно лошо.сакаме Јунајтед да биде на врвот во следните две-три години, тоа е реално“, порача Флечер.

    Последниот трофеј во Премиерлигата го освои Јунајтед во 2013 година, кога си замина Сер Алекс Фергусон, а потоа „ѓаволите“ беа ужасни во англискиот шампионат.