Хамилтон загрижен: Сите ги откажаа натпреварување, а не и Ф1… А, да, парите се на прво место!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Луис Хамилтон пред почетокот на новата сезона во Формула 1 не крие дека е изненаден со тоа што ширум светот се откажуваат спортските натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот, а само во нивниот спорт не размислуваат на такво нешто.

Шесткратниот светски шампион во Ф1 и возачот на Мерцедес не е сигурен колку е добра идејата да се одржи трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн, откако речиси сите спортски настани се одложени.

„Навистина сум изненаден што сме тука. Шокантно е тоа што сите седиме во собава. Многу навивачи се собраа тука. Мислам дека не треба да кријам што мислам. Само барам од сите да бидат внимателни. И да, очигледно парите се поважни во нашиот спорт…“, порача Хамилтон.