Фетел заминува од Ферари и седнува во болидот на неочекуван тим

Себастијан Фетел би можел да си замине од таборот на Ферари по крајот на оваа натпреварувака сезона.

Фетел би можел кариерата да продолжи од редовите на Рено, а ваквите најави ги потврди и шефот на овој клуб, Сирил Абитебул.

„Не би сакал да кажам не затоа што Себастијан е одличен возач и голем шампион.Работевме заедно на развојот на моторот, освојувавме титули“ –истакна Абидебул на прашањето дали Германецот е опција за тимот на Рено.

Одредени медиуми пак јавуваат дека Себастијан Фетел е опција и за тимот на Мекларен за следната сезона.