Вилијан посочи дека ако треба би играл и без договор за Челси

Фудбалерот на Челси, Вилијан посочи дека од негова страна не би било проблем да продолжи да игра за клубот иако неговиот договор со клубот ќе истече во јули.

Голема е веројатноста и во јули да се одиграат неколку натпревари од Премиер лигата, а Вилијан кој ќе остане без договор тогаш посочи дека би сакал да продолжи да игра и без договор и со тоа би ја  покажал својата лојалност кон клубот.

„Мојот договор завршува во јули. Ако треба да игра после тој датум мислам дека нема да биде проблем за мене а ја завршам лигата и така би покажал дека сум лојален на клубот“ –изјави Вилијам.