„Бомба“ на белгиски медиум: Де Брајн размислува за заминување од Сити во Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако досега не постоеја вакви шпекулации, белгискиот медиум „Спорт Фут“ од добро упатени извори јавува можен бомбастичен трансфер расплет.

Имено, Кевин Де Брајн ја разгледувал опцијата за заминување од редовите на Манчестер Сити за да реализира трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Белгиецот е посакуван од Флорентино Перез кој наводно го преферирал играчот на Манчестер Сити во однос на Пол Погба кој пак е преферирана опција за Зинедин Зидан.

Де Брајн размислува за својата иднина со оглед на фактот што Манчестер Сити се соочува со двегодишна забрана во Лигата на шампионите.