Премиерлигашите сакаат да се откаже сезоната – што ќе биде со титулата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу клубови во Премиерлигата сакаат да се откаже актуелната сезона, без оглед на тоа што Ливерпул беше на праг да ја освои титулата за првпат по 30 години.

„Црвените“ ја заслужија титулата и им недостигаа само денови за официјално да ја потврдат, но коронавирусот ги одложи работите.

„Атлетик“ објави дека голем број клубови од Премиерлигата побарале да се прекине сезоната во лигата без оглед на последиците.

„Голе број премиерлигаши сакаат да заврши сезоната веднаш и да продолжи штом ситуацијата се поправи, дури и ако тоа значи дека Ливерпул остане без титула по 30 години“, пишува медиумот.

Не се објавени имињата на клубовите кои имаат таков предлог, но Англискиот фудбалски сојуз ќе го има последниот збор.