Црно сценарио за Англичаните: Активирана уште една „биолошка б0мба“ – Ливерпул е следно жариште!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сценариото од Бергамо каде што секој ден животот го губат десетици луѓе од к0р0навирус би можело да се повтори и во Ливерпул. Експерти од Островот предупредуваат дека градот на Западот на Англија е во опасност да доживее слична судбина како во Италија поради реваншот од осминафиналето меѓу „црвените“ и Атлетико Мадрид одигран на „Енфилд“ (2-3).

Катастрофата во Ломбардија ја предизвика мечот меѓу Аталанта и Валенсија, кој беше одигран на „Сан Сиро“ (4-1) на 19 февруари. Сега нешто слично би можело да му се случи на Ливерпул каде што вчера имаше 309 заразени и 21 починато лице, а бројката се зголемува.

Директорот на градскиот завод за јавно здравје во Ливерпул, Метју Ештон смета дека гршката е тоа што мечот против Атлетико се одиграл и тоа влијаело на растот на заболени од вирусот.

„Не беше исправна одлука да се организира мечот, иако тоа сигурно не беше намерно. Можеби надлежните органи во тој момент не ја разбраа сериозноста на ситуацијата. Иако никогаш нема да знаеме, сепак мечот со Атлетико би можел да биде еден од дуелите, кој ќе влијае многу на порастот на заразени лица“, објаснува Ештон за „Гардијан“.