Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот ракометар и ѕвезда на Вардар, Сташ Скубе ќе го напушти европскиот шампион на крајот на сезоната и ќе се пресели во Белорусија, во екипата на Мешков Брест.
Словенецот имаше неколку понуди во минатиот период, меѓу кои беше таа од Мешков Брест, а примамлива понуда имаше и од Хановер, но тој се реши за белорускиот шампион.
Скубе безброј пати минатата сезона го покажа неговиот квалитет во редовите на „црвено-црните“, па тоа го разбуди интересот кај Мешков Брест, со кој потпиша договор до 2022 година.