Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако во медиумите беа објавени детални податоци од преговорите за новиот договор, Мануел Ноер не се двоумеше да го нападне Баерн Минхен.
Речиси цела деценија 34-годишниот голман ги брани боите на Баерн и му помогна на германскиот гигант да освои 18 трофеи од неговото пристигнување од Шалке во 2011 година.
„Сите преговори кои ги водев од 2011 година секогаш беа со голема доверба. Никогаш ништо не беше откриено. Сега во медиумите се објавени и детали од актуелните разговори, кои често не се вистинити. Тоа ме мачи. Не го познавам клубот како таков. Сакам да играм ако бидам здрав, но најважна ми е довербата. Јасно ми е дека е премногу да се бара петгодишен договор, но не можам да предвидам до колку ќе бранам“, кажа Ноер.