Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Барселона се решија на навистина одличен и хуман гест во екот на пандемијата со коронавирусот.
Каталонците за прв пат во историјата ќе ги продадат правата за користење на името на стадионот за следната сезона, а сите пари собрани од таа зделка ќе ги уплатат во хуманитарни цели за да се помогне во борбата против коронавирусот.
Така, од Барселона објавија дека „Камп Ноу“ следната сезона ќе има друго име, за прв пат по постоењето на овој легендарен стадион.
Се очекува интересот од гигантските компании заинтересирани за спонзорство да биде огромен, па Барселона да инкасира завидна сума на пари од едногодишниот договор.