Вујовиќ: Не ја отфрлам можноста да го преземам Вардар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веселин Вујовиќ имаше тригодишен договор, ги ангажираше засилувањата кои ги сакаше, а потоа реши да замине. Во средата тоа го најави на управата, а во петокот им кажа на ракометарите дека заминува поради приватни проблеми.

По почетните проблеми со резултатите, екипата почна да игра добро, на што влијаеше и ангажирањето на црногорскиот репрезентативец Милош Бозовиќ, но и покрај тоа Вујовиќ го напушти хрватскиот клуб.

„Не можев да бидам на две места во исто време. Им кажав на луѓето дека имам проблеми дома, кои не може да се решат од тука. Имам приватен бизнис, кој ќе се урне ако не сум тука“, објасни Вујовиќ.

Многумина го поврзуваат со враќање во Вардар, а тој не ја отфрли таа можност.

„Тие шпекулации почнаа кога се врати Михајловски. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не е трик за да го преземам Вардар. Иако, не ја исклучувам таа можност откако ќе ги решам приватните проблеми“, кажа тренерот.