Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанска „Марка“ откри што ќе се случи со бодовите кои требаше да се бранат во момент на пандемијата на коронавирусот.
Шпанскиот медиуми пишува за тоа по кој принцип ќе се одземаат бодовите за периодот во кој не се играше.
Главните луѓе на организацијата сметаат дека најбезболно решение е вкупниот број на бодови да се подели на 52 недели, колку што се смета годишното рангирање.
Српскиот ас, во моментов светски број еден, има 10.220 бодови, а неговиот најблизок ривал Рафаел Надал 9.850.
Тоа значи дека на Ѓоковиќ ќе му се одземаат секој понеделник по 196 бодови, наместо 4.185. од друга страна, Надал ќе ги дели 9.850 бодови во следната година, што е 189 бодови неделно, наместо да загуби 5.369.