ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Тинекс Пролет ангажираше големо засилување за следната сезона, откако го потврди трансферот на најдобриот стрелец во Суперлигата за минатата сезона, Давор Палески.
Палески постигна 190 погодоци на 17 натпревари за Работнички, а на негова адреса летово стигнале неколку интересни понуди, но сепак Пролет успеал да го добие неговиот потпис.
„Задоволни сме што успеавме да доведеме квалитетно засилување кое ќе ја крене играта на Тинекс Пролет на едно повисоко ниво. Го задржавме речиси целиот тим од ланската сезона, а со дополнителното засилување остануваме на вистинска патека и очекуваме пласман во плејофот“, кажа директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.