Манчестер сити со реакција по поништената одлука на УЕФА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити соопшти дека е задоволен со одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Одлуката на УЕФА за двегодишната суспензија на „граѓаните“ од европските натпреварувања е поништена.

„Иако Манчестер сити и неговите правни советници треба да ја прегледаат пресудата на ЦАС, сепак клубот ја поздравува одлуката која е донесена“, пишува во соопштението на клубот.

УЕФА ги суспендираше „граѓаните“ на две години од европските натпреварувања и парично ги казни со 30 милиони евра, поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.

Сепак, Судот во Лозана во понеделник ја поништи одлуката, па „граѓаните“ може да играат во Европа и ќе мора да платат „само“ 10 милиони евра.