Кјелце загуби уште еден спонзор: Би можел ли Карачиќ да се врати во Вардар?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот тим ПГЕ Виве Кјелце за само два месеци ги загуби главните спонзори и сега се нарекува Кјелце, а тоа носи и огромни финансиски проблеми за поранешниот европски шампион.

Компанијата „ПГЕ“ се повлекла од финансирањето на Кјелце на 1 август, а претходно екипата ја напушти и спонзорот „Виве“.

Иако од клубот смируваат дека ситуацијата е под контрола и финансиите се стабилни, сепак многу медиумите сметаат дека полскиот тим е пред банкрот, а со тоа и бегство на најдобрите ракометари.

Се појавија шпекулации дека би можеле да си заминат Андреас Волф, Алекс Душебаев, Игор Карачиќ, а тоа повторно го постави прашањето дали Хрватот би можел да се врати во македоннскиот тим Вардар, каде што играше во минатото.

Да потсетиме, претходно газдата на „црвено-црните“, Михајло Михајловски ги демантираше таквите шпекулации.