Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот ракометар од редовите на Ратинген, Филип Лазаров е главна тема во германските медиуми затоа што неговиот тест на коронавирус е позитивен.
Германските медиуми објавија дека Лазаров направил тест за Ковид-19 и истиот бил позитивен, а најверојатно се заразил при пат кон неговиот клуб откако во авионот имало патник кој бил заразен.
Лазаров ги пропуштил подготовките на тимот поради претпазливост, а на крајот се покажало дека е позитивен на вирусот, па ќе мора да биде во самоизолација.
Ракометарот засега не чувствува никакви симптоми и се очекуваат резултатите од вториот тест за Ковид-19.