Вардар ги дозна термините за првите 10 натпревари во ЛШ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за натпреварите од Лигата на шампиони за првите 10 кола од групната фаза во сезоната 2020/21.

Вардар ќе ги игра домашните натпревари во СЦ „Јане Сандански“, а најчесто тие ќе бидат со почеток од 20.45 часот, со исклучок на мечот со Кјелце на 19 ноември кој ќе почне во 18.45 часот.

Елитното натпреварување сезонава се игра во две групи, а Вардар е во иста група со ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков Брест, Порто, Елверум и Фленсбург.

ТЕРМИНИТЕ ИЗГЛЕДААТ ВАКА:

1 коло – 16 септември
Мешков Брест – Вардар 1961 18,45 ч.

2 коло – 24 септември
Вардар 1961 – Елверум 20,45 ч.

3 коло – 1 октомври
ПИК Сегед – Вардар 1961 18,45 ч.

4 коло – 15 октомври
Вардар 1961 – Флензбург 20,45 ч.

5 коло – 22 октомври
Вардар 1961 – Порто 20,45 ч.

6 коло – 29 октомври
ПСЖ – Вардар 1961 20,45 ч.

7 коло – 19 ноември
Вардар 1961 – Кјелце 18,45 ч.

8 коло – 25/26 ноември
Кјелце – Вардар 1961

9 коло – 3 декември
Порто – Вардар 1961 20,45 ч.

10 коло – 10 декември
Вардар 1961 – ПСЖ 20,45 ч.

ФОТО: Вардар