Рекорден број на упатени тројки во НБА синоќа: Кој друг ако не Харден и соиграчите?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон Рокетс имаат 2:0 во првото коло од плеј-офот, бидејќи синоќа ја совладаа Оклахома со 111:98.

Рокетс остварија уште една лесна победа, но неверојатно е што упатија дури 56 удари за три поени за време на синоќешниот натпревар, што е рекорд. Буквално, секој од играчите шутираше кон кошот кога дојде до линијата за три поени.

На крајот, од 56 удари, тие успеаја да постигнат 19 тројки, или 33,9 проценти. Најмногу шутираше Џејмс Харден, кој имаше 11 обиди, но погоди само два удари и на крајот постигна 21 поен. Ерик Гордон се обиде дури 10 пати, но ги промаши сите 10.

Хаус ЏР шутираше осум пати, Грин, Меклемор и Риверс шест пати, П.Џ. Такер четири, Ковингтон пет.

Што се однесува до Оклахома, тие имаа многу помалку обиди за три. Тие постигнаа 11 од 32 обиди.