Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Лионел Меси реши да ја напушти Барселона по цели 20 години.
Волшебникот на Аргентина побара прекин на соработката со каталонскиот тим, но раководството на клубот досега одби да го пушти да оди без соодветна компензација.
Многумина тврдат дека оваа одлука дошла откако Роналд Куман го отпишал неговиот одличен пријател и соиграч Луис Суарез, а откако му рекол дека повеќе нема да има привилегии во тимот.
Тоа беше последниот удар за Аргентинецот кој веднаш побара да го напушти клубот и настапи вистински хаос.
??¡IMÁGENES EXCLUSIVAS!??
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 26, 2020
?@JuanfeSanzPerez 'CAZA' a Luis SUÁREZ y MESSI en BARCELONA. #ChiringuitoMessi pic.twitter.com/5pLV0EfyNx
Меси официјално не се огласи, а сите медиуми тргнаа во потрага по него. Тој на крајот беше фатен од Ел Шарингито на тајна вечера со Суарез.
Многу е веројатно дека ова е проштална вечера за дуото како играчи на Барселона. Речиси е сигурно дека никогаш повеќе нема да играат во истиот дрес, а наскоро ќе дознаат што ќе се случи со нивните кариери.